Достапни линкови

Зошто Иванов оди во Сочи?


Претседателот Ѓорге Иванов и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид, 2011.

Претседателот Ѓорге Иванов и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид, 2011.

Добрите односи со Русија се важни, но проблем е што Македонија доцни со членувањето во НАТО и во ЕУ, вели Денко Малески. Од СДСМ велат дека не е проблем што Иванов оди во Сочи, туку што не отиде на други места каде што требаше.

Претседателот Ѓорге Иванов го најави своето присуство на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, а потоа треба да ја посети Москва каде се надева дека ќе се сретне со Путин. Од кабинетот на Иванов изјавија дека тој ќе отпатува во Сочи на денот на отворањето на Олимписките игри. Како и да е сите западни побитни државници нема да одат на Зимските олимписки игри поради кршење на човековите права во Русија.
Беше отсутен на безбедносната конференција во Минхен, не беше присутен во Давос, Македонија немаше свој претставник ниту на важни светски настани како што беше погребот на поранешниот претседател Мандела.

Од кабинетот на Иванов не коментираат дали се земени предвид тие западни критики. Неговото одење во Сочи добива различни интерпретации.

Од СДСМ се убедени дека не е проблем што Иванов оди во Сочи, туку што не отиде на други места каде што требаше.

„Проблем е што е континуирано отсутен на местата кадешто се носат одлуки за Република Македонија. Беше отсутен на безбедносната конференција во Минхен, не беше присутен во Давос, Македонија немаше свој претставник ниту на важни светски настани како што беше погребот ​ на поранешниот претседател Мандела“, изјави Радмила Шеќеринска додавајќи дека Иванов продолжува во ист стил како што работеше и во текот на овие пет години, а тоа е протоколарно да ја сфаќа неговата функција.

Експертите со коментар дека дилемите за правецот на нашата надворешна политика што се појавија во јавноста произлегуваат од
Важно е да имаме добри односи со Русија, меѓутоа нашиот проблем е што доцниме во остварувањето на стратешките цели на нашата надворешна политика, а тоа е членството во НАТО и во ЕУ.
застојот на Македонија во членувањето во НАТО и во ЕУ.

„Важно е да имаме добри односи со Русија, меѓутоа нашиот проблем е што доцниме во остварувањето на стратешките цели на нашата надворешна политика, а тоа е членството во НАТО и во ЕУ“, изјави професор Денко Малески.

Кога би биле земја членка целосно би ја координирале надворешна политика со онаа на нашите сојузници. Во моментот не сме така што нашата влада и претседателот си земаат за право како суверена земја да ја толкуваат надворешната политика така како што тие ја разбираат, вели Малески. Меѓутоа тој додава дека праксата покажува дека вообичено е државите на ЕУ да се консултираат околу надворешно политичките потези.

„Добро е еден кандидат како што е Македонија, исто така да биде во координација со поведението, ако не на сегашните, барем на идните сојузници во ЕУ, така што се плашам дека застојот во доближувањето или дочленувањето во НАТО и во ЕУ може да предизвика и ќе предизвикува дилеми околу правците на нашата надворешна политика.“

Инаку Иванов неодамна во интервју за руските новински агенции по повод 20 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи изјави дека пријателските односи и пред се економската соработка со Русија се од посебен интерес за Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG