Достапни линкови

Русите незадоволни поради корупцијата околу игрите во Сочи


Лев Гудков -директор на Левада

Лев Гудков -директор на Левада

Според анкетата на центарот Левада, русите се незадоволни поради перципираната корупција поврзана со Зимските олимписки игри во Сочи.
Истовремено тие би биле разочарани ако руските тимови не освојуваат медали. Лев Гудков од Левада за рускиот сервис на РСЕ изјави дека 47 насто од испитаниците веруваат дека премногу пари се потрошени за Сочи и оти значаен дел од средствата биле злоупотребени.
Седумнаесет проценти од анкетираните сметаат дека претседателот Владимир Путин сака преку игрите да си го подобри имиџот.
Сепак, повеќето испитаниците веруваат силни резултати на руските спортисти ќе го зголемат меѓународниот имиџ на Русија.
XS
SM
MD
LG