Достапни линкови

Европскиот парламент ќе расправа за извештајот за Македонија


Европскиот парламент вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година.

Во резолуцијата за која, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.

Грција е повикана да го искорсти своето претседавање со ЕУ за да даде нов елан на процесот на интеграција, а Македонија се повикува да продолжи со реформите и да им стави крај на политиките и пракитиките кои можат да претставуваат пречка за нејзината европска иднина.
XS
SM
MD
LG