Достапни линкови

Ештон во Киев на средба со Јанукович и опозицијата


Евро комесарот за надворешна политика Кетрин Ештон ќе се сретне со украинскиот претседател Виктор Јанукович и опозициските лидери во Киев.

Таа синоќа имаше вечера со опозицијата на која, според лидерот Виталиј Кличко, ветила дека ЕУ е готова да испрати медијатор на преговорите меѓу власта и опозицијата.

Обидот на Ештон доаѓа по барањето на мериканскиот потпретседател Џо Бајден упатено до украинскиот претседател Виктор Јанукович да ја прифати меѓународната поддршка за решавање на политичката криза во земјата.

Белата Куќа соопшти дека Бајден побарал од Јанукович да ја повлече полицијата против демонстрации, да бидат ослободени приведените и да бидат гонети одговорните за нападите врз новинари и демонстранти.

Според Бајден, само дијалог и компромис може да доведат до влада на која украинскиот народ ќе може да и верува. Вчера опозицијата поднесе барање во парламентот за ограничување на овластувањата на претседателот.
XS
SM
MD
LG