Достапни линкови

Сирија ќе учествува на следната рунда мировни разговори


Русија соопшти дека нејзиниот сојузник Сирија ќе учествува во следната рунда од мировните разговори со опозицијата. Најавата доаѓа по вчерашните разговори во Москва меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и лидерот на сириската опозиција Ахмед ал Џарба, кој го предводи Сирискиот национален совет, поддржан од Западот.
Лидерите на умерените бунтовнички групи се очекува да учествуваат на продолжението на разговорите во Женева, закажано за 10 февруари. Првата рунда заврши во петокот без напредок.
XS
SM
MD
LG