Достапни линкови

logo-print

Пакистан: во самоубиствен напад 8 загинати


Најмалку 8 лица загинаа а 40 се повредени во нападот на бомбаш самоубиец во пакистанскиот град Пешавар. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во близина на хотел во кој најчести гости се припадници на малцинските шиитски муслимани. Напаѓачот се разнесол во моментот кога верници излегувале од џамијата до хотелот. Никој не ја презел одговорноста за нападот, иако пакистанските Талибанци негираа дека се вмешани.
Инцидентот се случи само неколку часа откако беа одложени мировните разговори меѓу претставници на пакистанската влада и на Талибанците.
XS
SM
MD
LG