Достапни линкови

ТВ дебата на кандидатите за претседател на Авганистан


Кандидатите за претстојните претседателски избори во Авганистан синоќа учествуваа во првата ТВ дебата во кампањата. Петмина претенденти за наследник на актуелниот претседател Хамид Карзаи дебатираа за мировните разговори со Талибанците и за безбедносниот пакт со САД.
Вчерашната дебата беше пренесувана на ТВ Толо, приватен канал од главниот град Кабул. Кампањата за претседателските избори во Авганистан официјално започна во неделата, а изборите се закажани за 5 април. Засега нема јасен фаворит меѓу 11-темина кандидати, па се очекува ниеден од нив да не добие потребен број гласови за победа во првиот круг.
XS
SM
MD
LG