Достапни линкови

Состанок во Белата Куќа за ситуацијата во Авганистан


Обама и Хејгел

Обама и Хејгел

Американскиот претседател Барак Обама вчера се сретна со високи официјални претставници на одбраната, со кои разговараше за ситуацијата во Авганистан. Белата Куќа соопшти дека во разговорите учествувале секретарот за одбрана Чак Хејгел и генерал Џозеф Данфорд, командант на меѓународните сили во Авганистан. Состанокот доаѓа по барањето на американски официјални лица до авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да го потпише безбедносниот пакт кој ќе им овозможи на американските трупи да останат во земјата и по 2014 година, кога меѓународните сили треба да се повлечат.
Во понеделникот, портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека пактот треба да биде потпишан „во наредните недели, а не месеци“.
XS
SM
MD
LG