Достапни линкови

Потврден притворот за Оливер Ивановиќ


Судскиот совет на Апелацискиот суд во Приштина ја потврди одлуката на Основниот суд во Косовска Митровица, со која на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ му е одреден едномесечен притвор поради сомнение дека сторил воено злосторство и тешко убиство, изјави синоќа портпаролот на Еулекс Ирина Гудељевиќ.
Адвокатот на Ивановиќ изјави дека Апелацискиот суд се раководел од сосема исти, непостоечки причини за одредување на притворот што ги наведе и првостепениот суд, а кои во жалбата на одбраната се аргументирано оспорени. Тој е убеден дека Апелацискиот суд и подлегнал на незапамтената медиумска хајка што против Ивановиќ ја спроведуваат албанските медиуми на Косово и во кои, како што рече, Ивановиќ со денови е подложен на најприземен линч.
XS
SM
MD
LG