Достапни линкови

Времето променливо облачно со јужен ветар


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Зголемена облачност повторно ќе има во југозападните делови.

Утринската температура се движи од минус седум до еден, а дневната ќе биде од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преодно стабилизирање ќе има в петок.
XS
SM
MD
LG