Достапни линкови

logo-print

Обвинителството на потег за пожарот во Трескавец


Истрагата во Основниот суд во Прилеп заврши, сега Обвинителството ќе одлучи дали ќе покрене пријава против непознат сторител за предизвикување на пожарот во Трескавец.

Измина една година од пожарот, во кој изгореа сите четири конаци на манастирот Трескавец кај Прилеп. Истрагата во Основниот суд во Прилеп заврши, сега Обвинителството ќе одлучи дали ќе покрене пријава против непознат сторител за кривично дело предизвикување општа опасност. Трите вештачења покажаа, како што потенцираат од прилепскиот суд, дека пожарот избувнал во гостинската соба број 6, причина биле саѓите и преголемото ложење на печката со дрва, ден пред тоа, кога во манастирот имало многу посетители.
Списите со сите вештачења вчера се препратени до надлежниот јавен обвинител, т.е. до Основното јавно обвинителство во Прилеп, при што согласно со законот за кривична постапка, јавниот обвинител ги презема ингеренциите за натамошно постапување со овој предмет.

„Списите со сите вештачења вчера се препратени до надлежниот јавен обвинител, т.е. до Основното јавно обвинителство во Прилеп, при што согласно со законот за кривична постапка, јавниот обвинител ги презема ингеренциите за натамошно постапување со овој предмет“, изјави судијата Жарко Велески од Основниот суд во Прилеп.

Стручњаците во прилепскиот Завод и музеј, во меѓувреме работат на отстранување на забелешките на проектот за реконструкција на конаците, кои при ревизијата ги препорача Комисијата во Националниот конзерваторски центар.
Многукратно се зголеми бројот на туристите и се промени структурата на туристите. Бидејќи порано само пеш можеше да се дојде, а сега веќе доаѓаат и автобуси со туристи кои или повозрасни или од секогаш сакале да го видат Трескавец, немале можност, здравјето не им дозволувало.

„После извршените корекции, според законската регулатива, значи проектот се носи во Управата за заштита на културното наследство и се добива конзерваторско одобрение и потоа во координација со Министерството преминуваме кон реализација. Бидејќи станува збор за проект доста обемен, за околу 1400м2, значи архитектурата и внатрешното уредување, реализацијата мора да оди фазно“, изјави директорката, Гордана Данилоска Спироска.

За целосна реконструкција се потребни 1,2 милион евра. Од донации се собрани 7 милиони денари, па локалната власт повторно апелира до граѓаните.

„Да ги повикам сите добронамерници, бизнис секторот, граѓаните на Прилеп, на Република Македонија, па и пошироко, на нашите иселеници, да донираат, бидејќи тие сите пари ќе бидат употребени во комплетното возобновување на манастирските конаци“, повика градоначалникот Марјан Ристески.

Секако оние останати средства ќе бидат обезбедени од Министерството за култура, за секоја фаза од реализација на проектот. Но, иако опожарен, Трескавец беше центар на интересот на многу туристи, особено по изградба на асфалтниот пат.

„Многукратно се зголеми бројот на туристите и се промени структурата на туристите. Бидејќи порано само пеш можеше да се дојде, а сега веќе доаѓаат и автобуси со туристи кои или повозрасни или од секогаш сакале да го видат Трескавец, немале можност, здравјето не им дозволувало, така што стократно е зголемен бројот на туристи, ако шпекулирам“, изјави отец Калист.

Во рамки на реконструкција ќе бидат опфатени овој пат и црквата, трпезаријата, магерницата и конакот до неа. При реализација на проектите, отец Калист очекува да бидат спроведени и нови истражувања кои ќе откријат нови културни блага за манастирот Трескавец.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG