Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ ќе избира кандидат за претседател на 1 март


ВМРО ДПМНЕ на 1 март ќе одржи конвенција на која ќе го избере кандидатот за претседател на државата. Во меѓувреме партијата ќе објави оглас за доставување кандидатури за конвенцијата. Одлуката за свикување конвенција за избор на претседателски кандидат ја донесе Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната редовна седница. „Ваквиот избор е висок стандард во политиката за кој се надеваме дека ќе биде применлив и од другите политички партии“, рече на денешната прес конференција Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG