Достапни линкови

МИМ: во Македонија се интензивира говорот на омраза


Над 79 насто од граѓаните забележале говор на омраза меѓу политичарите и поддржувачите на политичките партии во земјата. Ова е само едно од сознанијата од истражувањето кое за потребите на Македонскиот институт за медиуми и „Безомразно.мк“ го спроведе агенцијата Рејтинг. Исто така се наведува дека повеќе од 70 проценти од граѓаните сметаат дека тој се зголемува во последните години. Испитаниците ги посочуваат медиумите како клучна алатка за трансферирање на политички мотивираниот говор на омраза, иако го има и во личните контакти на граѓаните. Политички мотивиран говор на омраза на Интернет страниците во највисок процент 88 насто го забележуваат младите на возраст од 18 до 29 години, кои се најчести корисници на мрежата.
XS
SM
MD
LG