Достапни линкови

Ромпуј: една од главните цели на ЕУ, договор со Грузија


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека една од главните цели на Европската унија годинава е потпишување на Договорот за асоцијација со Грузија. Тој ова го изјави по денешните разговори во Брисел со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили. Грузија и Молдавија го парафираа овој договор во самитот на Источното партнерство во минатиот ноември во Вилнус. Сепак, останува страхувањето дека Русија би можело да ги притисне двете земји да се откажат од договорот.
XS
SM
MD
LG