Достапни линкови

logo-print

Македонија со најголем државен долг во последните 8 години


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Според податоците на Министерството за финансии, во последните 5 години државниот долг е зголемен двојно, со оглед на тоа што на крајот на 2008 година тој изнесувал 1,38 милијарди евра.

Македонија ја заврши 2013 година со државен долг од 2,757 милијарди евра, односно 34,3 отсто од БДП-то. Ова е највисоко ниво на државен долг на Македонија од 2005 година, кога долгот бил 1,84 милијарди евра, но тоа тогаш било 38,4 отсто од БДП-то. Според податоците на Министерството за финансии, во последните 5 години државниот долг е зголемен двојно, со оглед на тоа што на крајот на 2008 година тој изнесувал 1,38 милијарди евра.

Проценките покажуваат дека за Македонија е оптимално некаде до 35 отсто од БДП-то, товар кој би можела да си го дозволи, со политика за разумно планирање на истиот и да се намалува во наредниот период.
Последната стратегија за управување со јавен долг на земјава е за периодот 2010-2012 година. Таа предвидуваше, државниот долг да не се зголеми над 30 отсто од БДП, а јавениот долг да не е повисок од 40 отсто од БДП. Сепак, ни оваа стратегија не беше испочитувана, со оглед на тоа што 2012 година заврши со државен долг од 34,1 отсто. Власта, пак, од 2009 година одбива да го соопшти нивото на јавниот долг, а тоа не го стори ниту на неодамнешната собраниска седница на која опозицијата побара информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг. Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ тогаш рече дека податоците од извештајот за 2012 година за управување со јавниот долг покажуваат дека тој изнесува 45 проценти од БДП. На седницата не дојде ниту еден претставник од Владата, а пратениците од владејачкото мнозинство се бранеа дека Македонија е ниско задолжена земја.

Универзитетскиот професор сугерира намалување на буџетскиот дефицит на 2, наместо 3,5 отсто од БДП-то за да може да се намалува и нивото на државниот долг.

„Проценките покажуваат дека за Македонија е оптимално некаде до 35 отсто од БДП-то, товар кој би можела да си го дозволи, со политика за разумно планирање на истиот и да се намалува во наредниот период“, вели Ивановски.

Опозицијата и дел од економските аналитичари подолго време предупредуваат дека Македонија премногу се задолжува, иако главниот фокус на критиките не е толку за сумата, туку за намената на задолжувањата. Тие аргументираат дека владата не смее да се задолжува за споменици и административни згради, туку за инфраструктура, затоа што на тој начин парите ќе се вратат. СДСМ вчера обвини дека владата се задолжува за да ги купува изборите, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека опозицијата почнува со прес-конференции на кои „бара алиби за поразот на престојните избори“.

Во меѓувреме, пратениците одлучија да донесат измени во законите за професионалните војници и за стечајците. На денешната собраниска седница, тие треба да гласаат за нов кредит од Меѓународната банка за обнова и развој во вредност од 50 милиони долари.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG