Достапни линкови

logo-print

Дел од Молдавија не сака со ЕУ


На неделниот референдум во Гагаузија, автономна област на Молдавија, граѓаните со огромно мнозинство се изјаснија за интеграција во Царинската унија предводена од Русија. На второто референдумско прашање за евентуалното интегрирање во Европската унија, против биле над 97 од гласачите.

За владата на Молдавија, референдумот на кој излегле повеќе од 70 насто од граѓаните со право на глас, не бил законски.
Она што се случи во регионот на Гагаузија, за жал, претставува непочитување на законот. Самиот референдум е за жалење. Молдавија ќе одржи парламентарни избори на крајот од годинава и тоа е најрелевантниот референдум.

„Она што се случи во регионот на Гагаузија, за жал, претставува непочитување на законот. Самиот референдум е за жалење. Молдавија ќе одржи парламентарни избори на крајот од годинава и тоа е најрелевантниот референдум за повеќе различни прашања, вклучувајќи го и она за надворешната политика на земјата“, изјави молдавскиот премиер Јурие Леанча за Радио Слободна Европа. молдавскиот премиер Јурие Леанча

молдавскиот премиер Јурие Леанча



Неговата влада се обиде да го спречи референдумот со оценка дека претставува опасност за територијалниот интегритет на земјата.

Собранието на Гагаузија во декември го смени изборниот законик за да може да ја избегне постапката покрената од обвинителството за прогласување на референдумот за неуставен.
Ние, како мало малцинство и велиме на владата да ја прекине политичката интеграција со Европската унија, а не економската. Кој ни гарантира дека Унијата еден ден нема да се распадне како Советскиот сојуз? Никој.

„Ние не сакаме да страдаме. Сакаме слободни пазари и со Европа и со Русија. Ние, како мало малцинство и велиме на владата да ја прекине политичката интеграција со Европската унија, а не економската. Кој ни гарантира дека Унијата еден ден нема да се распадне како Советскиот сојуз? Никој“, изјави Михаил Формузал, гуверенер на Гагаузија по соопштувањето на резулатите од референдумот кој беше поддржан и од молдавската опозициска Социјалистичка партија.

„Од почетокот, Социјалистичката партија ја поддржуваше идејата за референдум во Гагаузија. И покрај многуте тешкотии и пречки, тој се одржа и се изјаснија огромен број граѓани“, вели лидерот на социјалистите Игор Додон.

Во Гагаузија живеат околу 155 илјади главно етнички Гагаузи, православни христијани кои зборуваат турски. Повеќето од нив стравуваат дека Кишењев преку инсистирањето на поблиски односи со Европа всушност сака обединување на Молдавија со Романија.
Михаил Формузал, гуверенер на Гагаузија

Михаил Формузал, гуверенер на Гагаузија


Неодамнешната изјава на романскиот претседател Трајан Басеску дека е за обединување со Молдавија само го подгреа таквото страхување.

Москва ги притсика поранешните советски републики, пред се Молдавија, Ерменија и Украина да се придружат кон Царинската унија која беше покрената во 2011 година и во која сега членуваат Русија, Белорусија и Казахстан.

Во минатата година Ерменија и Киргизстан најавија дека ќе станат дел од Царинската унија, која според плановите на Русија во 2015 година би можела да се прошири во Евроазиска економска унија, нешто слично на Европската.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе деновиве ги пофали реформите спроведени во Молдавија, но оти биле неопходни дополнителни напори доколку Кишињев сака да потпише Спогодба за асоцијација со Унијата до крајот на годинава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG