Достапни линкови

Кетрин Ештон денеска во Украина


Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон денеска во Киев уште еднаш ќе се обиде да придонесе за завршување на кризата во Украина. Таа деновиве најави програма за помош и поддршка на Украина на која работата Унијата и Сопединетите држави. Украина веќе два месеца ја потресуваат немири откако претседателот Виктор Јанукович одби да ја потпише спогодбата за поблиски врски со Европската унија. Тој се определи за потесна соработка со Москва која вети помош од 15 милијарди долари за Украина. Во меѓувреме, од неговата Партија на регионите се дознава дека Јанукович би можело да прифати одржување предвремени парламентарни и претседателски избори за окончување на кризата. Украинскиот парламент денеска би требало да расправа за предложените промени на Уставот со кои се намалуваат овластувањата на шефот на државата.
XS
SM
MD
LG