Достапни линкови

142 години од раѓањето на Гоце Делчев


По повод 142 години од раѓањето на Гоце Делчев денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер и идеолог ќе биде одржана панихида. Цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев ќе положат делегации на државни и локални институции, општини и здруженија на граѓани, како и пред спомениците на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк. Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев бил убиен од турска војска на 4 мај 1903 година во селото Баница.
XS
SM
MD
LG