Достапни линкови

СЗО : расте бројот на заболени од рак


Светската здравствена организација предупреди дека глобалниот процент на заболени од рак достигнал алармантно ниво. Најновото истражување покажува дека во 2012 таа бројка се зголемила на 14 милиони годишно. Во наредните две декади возможно е да порасне и на 22 милиони, предупредува СЗО. Пристапот до лекови, сепак ќе ја намали смртноста од оваа болест. Процентот на заболени од рак е поголем во земјите во развој во Африка, Азија и во Централна и Јужна Америка. СЗО соопшти дека трошоците за лекување на оваа болест ќе ги погодат дури и најбогатите земји.
XS
SM
MD
LG