Достапни линкови

Кина:фатен убиецот на шест лица


Кинеската полиција рече дека го фатила обвинетиот за убиство на шест лица. Триесет и осумгодишниот маж е фатен по четири дена бегство и е обвинет дека со полуавтоматска пушка застрелал двајца мажи за кои верувал дека имаат афера со неговата сопруга, две момчиња и постар човек. Убиствата се случија во петокот, пред почетокот на лунарната Нова година кога семејствата во Кина се собираат да празнуваат заедно. Жртвите, како и убиецот биле жители на провинцијата Јунан.
XS
SM
MD
LG