Достапни линкови

Либија; уништени остатоците од хемиското оружје на Гадафи


Американски официјални претставници велат дека целокупното либиско оружје е уништено во последните три месеци. Арсеналот од стотици бомби и гранати се тајно уништени од страна на либиски и американски официјални претставници, со специјална помош од Шведска и од Германија, објавува Њујорк Тајмс. Уништивањето на оружјето започна во 2004 година под режимот на либискиот диктатор Моамер Гадафи кој се приклучи кон конвенцијата за хемиско оружје. По соборувањето на Гадафи, новата влада пронајде нови количини штетен гас. Оружјето беше уништено во специјално изградена печка во пустините.
XS
SM
MD
LG