Достапни линкови

Иран:возможен е конечен договор за нуклеарната програма до јули


Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Јавад Зариф, изјави дека е возможно да се постигне договор меѓу Иран и светските сили во рок од шест месеци. Рокот за пoстигнување на времената спогодба меѓу Техеран и светските сили – Франција, Велика Британија, САД, Русија, Кина и Германија е 12 месеци. Следната рунда разговори е закажана за 18 февруари. Со времената спогодба од ноември се постигна договор околу ограничувањата на збогатениот ураниум и им се отворија објектите на инспекторите. Американски официјални лица потврдија дека Иран ги добил првите 550 милиони долари од замрзнатите средства.
XS
SM
MD
LG