Достапни линкови

logo-print

Русија: независната телевизија Дожд пред затворање


Најголемиот сателитски провајдер во Русија го укина пренесувањето на независниот телевизиски канал во таа земја по спорната анкета која владата и многумина Руси ја сметаат за навредлива. Сопственикот на телевизијата Дожд, Алесандар Винкуров, наведува на Твитер дека одлуката значи нејзино ефективно затворање. Според зборовите на директорката на телевизијата станува збор за притисок од Кремљ. Во инкриминираната анкета испитаниците се запрашани дали Советскиот Сојуз требало да им го предаде Ленинград на нацистите за да се избегне смртта на повеќе од милион луѓе. Телевизијата се извини поради анкетата, но Кремљ соопшти дека таа ја преминала моралната „црвена линија“ и отворена е истрага против неа.
XS
SM
MD
LG