Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ бара алиби за поразот на престојните избори


Опозициската СДСМ почна со прес-конференции во кои се жалат и бараат алиби за поразот на престојните избори. Очигледно се свесни дека ја немаат поддршката од граѓаните за нивната политика и се обидуваат на секој можен начин да ја девалвираат работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.
Имено опозициската СДСМ денеска укажа на измените на Изборниот законик со цел спречување злоупотреби на буџетските трансфери. Секој што ќе исплати социјална помош, субвенции, плати, пензии или какви било еднократни или едногодишни трансфери од буџетски средства или од кои било јавни фондови, од распишување на изборите до нивното завршување, ќе одговара со казна затвор од 3 до 5 години. Сите буџетски исплати во текот на изборниот процес мора да бидат јавно објавувани во посебна база за буџетски трошоци, изјави потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.
XS
SM
MD
LG