Достапни линкови

Власта бара новинарските здруженија да се пребројат


Сите здруженија на новинари од Република Македонија најдоцна до 10 февруари 2014 година, до Министерството за информатичко општество и администрација треба да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година.

Целта, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, е да се утврди кои две здруженија на новинари од Република Македонија се со најголем број на членови, заради спроведување на постапката за именување членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ.

Ова обврска, како што се наведува, е согласност со членот 14 став (11) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
XS
SM
MD
LG