Достапни линкови

Судски процес во Турција во врска со смртта на демонстрант


Во Турција денеска со големо обезбедување почна судењето на тројца полицајци обвинети дека на смрт претепале 19-годишен студент на антивладините протести во јуни минатата година.
Околу 2.000 полицајци се испратени во градот Кајсери, во централна Турција, каде се одвива судењето, улиците околу судот се блокирани, а сите протести се забранети од „безбедносни“ причини.
Активисти кои се обидоа да дојдат во Кајсери на судењето, изјавија дека неколку автобуси со демонстранти се спречени да влезат во градот во текот на претходната ноќ и утрово.
XS
SM
MD
LG