Достапни линкови

ДУИ: Или консезуален претседател или предвремени избори


ДУИ нема донесено одлука за предвремени парламентарни избори. Тие се само една од петте алтернативи кои ќе ги понуди партијата доколку со ВМРО-ДПМНЕ не се договориме за консензуален кандидат на претстојните претседателски избори.
Ова, на денешната прес конференција, го истакна портпаролот на ДУИ Бујар Османи, нагласувајќи дека предвремените избори ќе бидат само излез од евентуалните политички околности и негативна клима кои би настанале доколку нема договор за консензуален кандидат, но не и нејзино решение.
- ДУИ во моментов не е за предвремени парламентарни избори, но ние сме подготвени за избори во секое време. Евентуалното недоговарање за консензуален кандидат може да доведе до политичка криза која нема да овозможи нормално функционирање на Владата и евентуално блокирање на институциите, рече Османи.
XS
SM
MD
LG