Достапни линкови

Пререгистрација на невработените за нивно бришење


Прилично демагошка и дискриминаторска е методологијата на пререгистрација на невработените лица во Фондот за здравство, коментираат експертите по трудово право.

Прилично демагошка и дискриминаторска е методологијата на пререгистрација на невработените лица во Фондот за здравствено осигурување, велат експертите на повикот од Фондот лицата од оваа категорија до 31 март да достават барање и изјава за остварените примања.
Оваа мерка на владата, не само што ги дискриминира невработените, туку и создава големи бирократски оптоварувања на сите невработени и на системот.

Електронска здравствена картичка.

Електронска здравствена картичка.

Ова само значи, вели професор Здравко Савески, дека во последниве години на грбот на најзагрозената категорија граѓани ќе продолжи да се пополнува дупката создадена во Фондот, откако пред неколку години таа се појави поради одлуката на владата да ги намали придонесите што ќе ги плаќаат газдите за своите вработени. Ова, пак, значеше, додава Савески, дека беше укинато правото на невработените по дефиниција да имаат целосно здравствено осигурување, туку услов за тоа стана минималната плата на ниво на семејство.
Можеме од податоците да констатираме дека преку 150-160 илјади луѓе се избришани. Каде се тие луѓе отидени? Дали се вработени, дали примаат некаква парична помош.

„Оваа мерка на владата, не само што ги дискриминира невработените, туку и создава големи бирократски оптоварувања на сите невработени и на системот, бидејќи секоја година бара од невработените кои ги исполнуваат рестриктивните услови на владата, да докажуваат дека имаат приходи под минималната плата на ниво на семејство“, вели Савески.

Драге Јовановски, експерт по трудово право, методологијата на пререгистрација ја смета за демагошка, бидејќи верува дека на овој начин ќе се направи обид за ново бришење на бројот на невработени, без притоа, како што вели, да се објасни каде одат тие лица кои ги снемува на списокот на невработените.

„Можеме од податоците да констатираме дека преку 150-160 илјади луѓе се избришани. Каде се тие луѓе отидени? Дали се вработени, дали примаат некаква парична помош“, вели тој.

Светската банка деновиве објави дека невработеноста за првпат во Македонија е измерена на под 30 проценти, а владејачката партија пресмета дека таа е намалена за 10 проценти. Во реалноста, вели Јовановски, состојбата е поинаква.

„Мојата проценка е дека до 800 илјади луѓе немаат никакви парични примања или примаат од државата. Според тоа, државата може колку сака да прави гимнастики, со евидентирање, со реевидентирање, со секојдневно пријавување во Агенцијата или во Фондовите за здравство, за пензиско и не знам каде, меѓутоа, реалната слика е таа“, вели Јовановски.

Голем број од луѓето нема да имаат ниту пари да дојдат до фондот, посочуваат експертите, а се смета веројатно и на тоа дека поради неинформираноста, административните процедури или неисполнувањето на правниот основ, дел од нив ќе бидат изоставени во новата евиденција.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG