Достапни линкови

Жителите на Гагузија се изјаснија за поблиски врски со Русија


Гагаузија

Гагаузија

Во автономниот молдавски регион Гагузија, на вчерашниот референдум, огромното мнозинство жители се изјасниле за интеграција во Цариснката унија, предводена од Русија. На контроверзен референдум, жителите се изјаснуваа дали се за поблиски односи со Европската Унија или за царинска унија со Русија. Референдумско прашање беше и дали Гагаузија треба да прогласи независност доколку Молдавија ја загуби независноста. И за ова, мнозинството гласало ЗА. Одзивот бил околу 70 отсто. Во Гагузија живеат околу 155 илјади луѓе, претежно Гагаузи, а референдумот беше распишан поради страхувањата дека поблиските односи на Молдавија со Европската Унија би довеле до обединување со Романија. Молдавската влада се обиде да го спречи референдумот, кој го смета за закана за територијалниот интегритет.
XS
SM
MD
LG