Достапни линкови

"Разбуди се" со осуда за настапот на Латас


Граѓанското Движење Разбуди се, остро го осудува последното од, како што се вели во соопштението, многуте скандалозни појавувања на новинарот Драган Павловиќ Латас на националната телевизија Сител.
Во предвечерие на најавени предвремени парламентарни избори и претседателски, главниот и одговорен уредник на медиум со национална лиценца повикува на мобилизирање на гласачите Македонци да гласаат за ВМРО ДПМНЕ. Со скандалозен јазик преполн со етничка омраза, Латас ги повикува гласачите да гласаат за ВМРО и на тој начин да ја сопрат официјалната употреба на Албанскиот јазик како и постигнувањето на компромис за името што ќе го спречи интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ.
Советот за Радиодифузија треба ургентно да го казни и веднаш да му забрани новинарска дејност на овој псеудоновинар кој што злоупотребува национална телевизија за да промовира една политичка партија како и да поттикнува меѓуетничка омраза.
Првата реакција треба да пристине од самата ВМРО ДПМНЕ и како што исчезна од екраните новинарката милионер Ивона Талевска, така треба да замине и овој псеудоновинар, се вели во соопштението на движењето Разбуди се.
XS
SM
MD
LG