Достапни линкови

Земјотрес на островот Кефалонија, има полесно повредени


Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер, е регистриран изутрината во Јонското Море со епицентар на 12 километри северозападно од грчкиот остров Кефалонија, соопшти атинскиот геофизички институт.
Голем број домови се разурнати, вклучително кејот на пристанишното гратче Луксури, а има и полесно повредени, јавија грчките медиуми.
Според градоначалникот на островот Александрос Парисис има сериозни материјални штети и полесно повредени. Грчките сеизмолози не ја исклучуваат можноста од нов посилен земјотрес.
XS
SM
MD
LG