Достапни линкови

Ирак: Над 1000 жртви само во јануари


Ирачката влада соопшти дека над илјада луѓе загинале, поголемиот дел од нив цивили, во насилствата низ земјата во јануари годинава, што е најсмртоносен месец во последниве 5 години. Ирак е зафатен од верски и политички мотивирани насилства, а особено е критично во провинцијата Анбар, каде што милитанти, поврзани со Ал Каеда, контролираат делови од градовите Фалуџа и Рамади. Поради борбите, според Обединетите Нации, над 140 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
XS
SM
MD
LG