Достапни линкови

ЕУ и САД најавуваат финансиска помош за Украина


Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон најави дека Унијата заедно со Соединетите американски држави работи на план за финансиска подршка за Украина. Ештон во изјава за „Волстрит Џурнал“ вели дека помошта нема да биде мала и истата е наменета за да и помогне на земјата во транзицискиот период кога техничка влада ќе спроведува реформи се до претседателските избори догодина. Согласно планот, Украина не е обврзана да склучи долгорочен договор со Меѓународниот монетарен фоинд, појасни Ештон.
XS
SM
MD
LG