Достапни линкови

logo-print

Шпигел: Германија подготвува нова помош за Грција


Германскиот министер за финасии Волфганг Шојбле подготвува терен за нов, трет пакет за помош на Грција пред изборите за членови на Европскиот парламент закажани за во мај годинава, пишува германскиот неделник „Шпигел“. Весникот повикувајќи се на документ од пет страници на Министерството, наведува дека овој пакет помош за Грција би се состоел од ново отпишување на грчкиот државен долг или од „ограничена дополнителна програма“, со што би било овозможено Атина да добие свежи пари од Европскиот фонд за спас. Новиот пакет помош би „тежел“ меѓу 10 и 20 милијарди евра и би бил условен со стриктен план за спроведување на предвидените реформи од страна на Грција. Меѓутоа, германското Министерство за финансии ги негира ваквите тврдења на „Шпигел“. - Нема нови моменти, изјави кусо портпаролот на Министерството.
XS
SM
MD
LG