Достапни линкови

Неделен печат - Портокалов апартхејд и чистка на Бихаќка


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Фокус пишува за портокаловиот апартхејд, Република ги анализира превирањата во најголемата опозициска партија, а Глобус пишува за македонската „политичка порнографија“.

Два политички магазина со различна диоптрија на актуелните политичко-партиски збиднувања во последниве недели.
Белите фигури, кои секогаш се резервирани за власта, веројатно го мотивираше борбеното „сицилијанско отворање“ на опозицијата. Тоа е кога играчот со црните фигури не игра за реми, туку за победа.
Фокус.

Фокус - Портокаловиот апартхејд

За „Портокаловиот апартхејд“ пишува Фокус, при што забележува дека во услови на партиски апартхејд на дело, кога парите ги движат пионите на власта, останува нејасно зошто опозицијата верува дека договорените измени во изборниот закон се некаква гаранција за претстојните избори! Фокус го гледа проблемот не во законите, туку во нивното селективно спроведување за „црнци“ и „белци“. Во тек е одлучувачката шаховска партија помеѓу Груевски и Заев, продолжува неделникот. Белите фигури, кои секогаш се резервирани за власта, веројатно го мотивираше борбеното „сицилијанско отворање“ на опозицијата. Тоа е кога играчот со црните фигури не игра за реми, туку за победа. Сево ова ја прави симултанката драматична - да се биде или не! Зашто, уште еден пораз, макар власта да игра највалкано и најкоруптивно, ќе биде убиствен за СДСМ - смета Фокус.
За познавачите на состојбите, не Заев, туку Шеќеринска е лидерот на сдсмовскиот олимписки комитет, а намерата за чистка на т.н. бранковисти или „стари комуњари“ е јасна и е во тек.
Република.

Република - Новокомпонираната чистка на Бихаќка

Во анализата за „Новокомпонираната чистка на Бихаќка“, Република пишува за „Заевистите во битка со Бранковистите“, за да праша: „Во името на розата или, сепак, во името на тупаницата?“ Како и да е, на Бихаќка се слушна громогласното „Игрите нека почнат“, а наместо палење олимписки оган, натпреварот во СДСМ почна со акт во форма на статус на Фејсбук. За познавачите на состојбите, не Заев, туку Шеќеринска е лидерот на сдсмовскиот олимписки комитет, а намерата за чистка на т.н. бранковисти или „стари комуњари“ е јасна и е во тек - тврди Република, која го пренесува и мислењето на поранешниот сдсмовец, Стефчо Јакимовски, кој предвидува дека следната битка ќе се водела помеѓу Заев и Шеќеринска.

Глобус - Голи и грди

„Голи и грди“ е насловена редовната колумна Таленти во најновиот онлајн Глобус. Примитивната политикантска порнографија, постојан придружник на она што само во Македонија се нарекува политичка култура и дијалог, деновиве ги заплиснува 24/7 сите сетила на граѓаните. Голи и грди е вистинското име за тврдата порнографија, простаклукот и примитивизмот на веќе секојдневното бесрамно разголување на политичките партии. Ваков манир наметна владејачката ДПМНЕ која, откако е дојдена на власт е во постојана кампања за омаловажување на опозицијата, тврди неделникот, за да заврши со забелешка дека величањето и самовеличањето со сила и со народни пари за кампањи, не може поинаку да заврши освен на крајот да се види дека царот е гол. Како во поучната скаска за деца, завршува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG