Достапни линкови

Тадиќ ќе се кандидира на изборите во Србија


Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ денеска најави дека на предвремените парламентарни избори во Србија, закажни за 16 март, ќе учествува со нов политички субјект. Тадиќ, кој во четвркот соопшти дека ја напушта опозициската Демократската партија (ДС), при денешното гостување во емисијата „Став на Србија“ на телевизијата Прва, најави дека на изборите ќе учествува со луѓе од ДС кои „во претходните осум години ја поддржувале неговата политика и со граѓаните кои гласале за таа политка“. Екс-претседателот не соопшти повеќе детали за листата со која ќе настапи на изборите, додавајки дека во тек се коалициски преговори.
XS
SM
MD
LG