Достапни линкови

logo-print

Кој се офајдил а кој шири омраза - нови меѓупартиски препукувања


Владеачката ВМРО ДПМНЕ обвини дека кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски работи по принципот на неговиот партиски колега Зоран Заев, со доделување тендери на партиски колеги и пријатели. Поконкретно, станува збор за наводно местење на тендери за улично осветлување, кои Дамјановски наводно ги доделил на син на поранешен функционер од СДСМ. “Преку овие договори кои ги потпишал Зоран Дамјановски, фирмата „Електро Куманово“ од сите 14 договори со Општината се офајдила со неверојатни 14.183.493 денари” рече Александар Колев на прес конференција.

Од СДСМ пак, очекуваат од надлежните институции соодветно да реагираат за, како што се вели во соопштението од опозициската партија, „говорот на омраза и злоупотребата на децата од страна на главниот и одговорен уредник на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас“.”Се прашуваме дали блискоста на уредникот на Сител со премиерот Никола Груевски е причината заради која државните органи кои ја следат работата на медиумите молчат?“ се наведува во соопштението на СДСМ од каде најавуваат претставка до Советот за радиодифузија.
XS
SM
MD
LG