Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: Блиску сме до обновување на преговорите за Кипар


Многу сме блиску до обновување на преговорите за решавање на кипарскиот проблем, изјави во Минхен генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Mун. Тој рече дека неговиот советник за Кипар Александар Даунер води разговори со лидерите на грчката и турската заедница на островот за да им помогне да постигнат согласност во врска со заедничката декларација, која треба да биде добра основа за преговорите “За жал, овие преговори беа прекинати поради смената во владата во грчката заедница, а потоа се разви економската криза,” рече Бан Ки Mун.
XS
SM
MD
LG