Достапни линкови

logo-print

Можна промена на името на Златна зора


Доколку Златна зора биде забранета, организацијата ќе го промени името во "Национална зора", најави пратеникот и портпарол на екстремно десничарската грчка партија Илијас Касидијарис. "Патриотите ќе имаат партија за која ќе гласаат на следните избори" рече Касидијарис пред околу 3.000 приврзаници и симпатизери на комеморација во центарот на Атина по повод инцидентот од 1996 година, кога загинаа тројца грчки поморски офицери. Инцидентот ги разгоре тензиите меѓуТурција и Грција. Касидијарис, кој ќе се кандидира и за градоначалник на Атина, го најави преименувањето на партијата доколку и биде оневозможено да учествува на евроизборите. "Грчките националисти, кои не се вмешани во криминални организации, кои немаат криминални досиеја, создадоа нова патриотска партија, Национална зора" рече пратеникот.
XS
SM
MD
LG