Достапни линкови

Нови блокади поради снегот во Србија


Сите патници кои беа заробени од снежните наноси на автопатот кај Фикетиќ, Војводина се евакуирани во текот на ноќта, но еден бугарски шлепер и покрај забраната влегол на локалниот пат Бачка - Топола - Суботица, се превртел и направи застој, по што 100 возила се завеани, јавува Танјуг повикувајќи се на информации од српското Министерство за внатрешни работи. Началникот на Управата за противпожарно-спасувачката единица на Секторот за вонредни ситуации Горан Николиќ изјави дека 40 возила останале на автопатот Нови Сад - Суботица кај Фикетиќ и оти се работи на тоа денеска да бидат деблокирани сите возила.
XS
SM
MD
LG