Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните и југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од снег на планините и на повисоките места, само на некои пониски места ќе бидат врнежите од дожд. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура се движи од минус четири до еден, а дневната ќе биде од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и претежно тивко. Изутрина има појава на слаба магла. Утринската температура се спушти до околу нула, а дневната ќе се искачи до шест степени.
XS
SM
MD
LG