Достапни линкови

logo-print

Власта и опозицијата се препукуваат за џип и тендери


ВМРО-ДПМНЕ ја прашува Рaдмила Шекеринска дали луксузниот џип кој го користи и вози е на "Дајнерс". “Вие мора да дадете одговор. Прашањата ви ги поставуваме ние, но одговорите ги очекува целата јавност, сите граѓани без исклучок” рече на прес –конференција Борче Стамов. Тој праша дали "Дајнерс" и плаќа што го користи нивниот џип исто како што плаќа за да живее во сопствениот стан и тоа по цена за кирија десет пати поголема од пазарната.

Во меѓувреме портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција објави дека фирма во сопственост на семејството на уредникот на телевизијата Сител, Драган Павловиќ Латас добила тендери од општините во вредност од 3 милиони евра во последните 3 години. “Конкретно, фирмата Елтра ДООЕЛ Скопје, со која што управува сопругата на братот на Павловиќ Латас, од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери тешки неверојатни околу 2 милиона и 900 илјади евра” рече портпаролот на опозициската партија.

Инаку од меѓународната компанија "Дајнерс" денеска апелираа до политичките субјекти да не го уриваат имиџот на фирмата. "Договорот за наемот со нашиот извршен директор за Македонија, Божидар Јанковски, е дел од неговиот менаџерски договор, кој е утврден од нашиот Управен одбор", велат од регионалниот центар на "Дајнерс" во Белград за Утрински весник.
XS
SM
MD
LG