Достапни линкови

Над илјада лица завеани на патиштата во Србија


Ветрот и снегот предизвикаа проблеми на патиштата во северниот дел на Србија, каде осум поголеми и четири помали колони автомобили се завеани на патот, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ. Надлежните организираат евекуација на повеќе од 1.000 лица во околу 200 автомобили, кои на тој дел од патот се завеани повеќе од 16 часа. Припадниците на Војската на Србија евакуираат деца, а евакуирана е и една бремена жена. Во акцијата се вклучени три воени и два полициски хеликоптери, а се врши и дотур на храна и вода. Застојот е предизвикан од еден шлепер, кој во текот на ноќта се превртел на патот. На расчистувањето на приодот работат припадниците на Војската, жандермеријата, Секоторот за вонредни ситуации, Секторот за патишта на Србија, како и 48 машини.
XS
SM
MD
LG