Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Три милиони евра од власта за семејството на Латас


Фирма во сопственост на семејството на уредникот на телевизијата Сител, Драган Павловиќ Латас добила тендери од општините во вредност од 3 милиони евра во последните 3 години, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Според него, ова претставува основан сомнеж за „директна корупција од страна на власта на Никола Груевски“. “Конкретно, фирмата Елтра ДООЕЛ Скопје, со која што управува сопругата на братот на Павловиќ Латас, од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери тешки неверојатни околу 2 милиона и 900 илјади евра”рече портпаролот на опозициската партија. Тој дополни дека фирмата генерално добивала тендери од градоначалниците Коце Трајановски, Ивица Коневски, Тони Трајковски и Стевчо Јакимовски, а времето кога се доделувале овие тендери било или пред или по изборите во изминатите три години.
XS
SM
MD
LG