Достапни линкови

logo-print

Дваесетина повредени во пожар во затвор во Албанија


Дваесет и еден затвореник во затворот во албанскиот град Рогожина се повредени при пожарот што доцна синоќа избувна во објектот. Повредените затвореници се пренесени во болниците во Рогожина, Каваја и Драч. Според лекарите, дел од повредените имаат изгореници, додека останатите вдишале од чадот од пожарот. Двајца се во критична состојба.
XS
SM
MD
LG