Достапни линкови

Кери: Олигарсите ги гушат стремежите на народот на Балканот


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека во делови на централна и источна Европа се забележуваат вознемирувачки трендови. “Во многу делови на централна и источна Европа и на Балканот, стремежите на народот се потиснати од интересите на корумпирани олигарси. Станува збор за обиди за гушење на политичката опозиција и противењето, за купување на политичари и медиуми, загрозување на независноста на судството и загрозување на правата на невладините организации" рече Кери на конференцијата за безбедност во Минхен.
XS
SM
MD
LG