Достапни линкови

Полицијата соработува со криминалци, обвини украинската опозиција


Лидерот на украинската опозиција Олексеј Турчнов ги обвини националните безбедносни сили за соработка со криминални групи со цел “убивање и заплашување на анти-владините демонстранти". Турчинов ги даде обвиненијата вчеравечер, откако еден од демонстрантите кој се сметаше за исчезнат, се појави во јавноста тврдејки дека непознати лица го киднапирале и го малтретирале. Украинското министерство за внатрешни работи отпочна истрага за инцидентот и го испрашуваше активистот кој беше хоспитализиран.
XS
SM
MD
LG