Достапни линкови

Обама: Сочи е безбеден, но секогаш постојат ризици


Американскиот претседател Барак Обама денеска изрази уверување дека Олимписките игри во Сочи ќе бидат безбедни, но и ги предупреди американските граѓани кои патуваат во тој град да бидат претпазливи, бидејќи секогаш постоеле опасности. Зимската олимпијада ќе се одржи од 7 до 23 февруари, а Белата куќа неодамна изрази загриженост поради заканите за атентати упатени од една исламситичка милитантна група.
XS
SM
MD
LG