Достапни линкови

logo-print

Брахими - преговорите за Сирија се „скромен почеток“


Посредникот на ОН Лакдар Брахими изјави дека на мировните преговори меѓу режимот на Сирија и опозицијата е направен скромен напредок, кој ги зголемува надежите за решение на граѓанската војна.
Брахими, говорејќи по завршувањето на еднонеделните разговори во Женева порача дека има почеток на кои можеме да се гради натамошен процес.
Тој рече дека двете страни се посветени на целосна примена на Женевското коминике договорено од меѓународните сили во 2012 година.
Тој документ ги поставува чекорите за ставање крај на борбите и повикува на воспоставување преодна влада на Сирија.
Брахими изјави дека опозицијата се согласи да се врати на преговори на 10 февруари, но дека делегацијата го претставува режимот на претседателот Башар ал-Асад морала најпрвин да се консултира со Дамаск.
XS
SM
MD
LG