Достапни линкови

Турската Влада ја засилува контролата врз полицијата


Турската Влада подготвува Предлог-закон, кој ќе го отежне спроведувањето на полициски акции и прислушувањето телефонски разговори.
Согласно измените прислушувањата ќе можат да бидат извршувани во рок до три месеци, а со прекини тоа ќе може да се спроведува најмногу до половина година. За да биде спроведена оваа мерка, потребно е судски совет да донесе едногласна одлука, а обвинителот да ја одобри со конкретни податоци за организацијата или лицата, кои ќе бидат предмет на прислушување.
Со измените нема да можат да бидат спроведувани полициски акции и претреси по наредба на Обвинителството, без согласност на окружниот управител или неговиот заменик.
XS
SM
MD
LG